Не Скопје, како што се очекуваше, туку Охрид ќе биде домаќин на новата рунда преговори Вучиќ – Курти под покровителство на Европската Унија.
Веста на Твитер ја соопшти специјалниот пратеник во дијалогот, Мирослав Лајчак по средбата со Вицепремиерот Маричиќ.
-Благодарен сум ѝ на Македонија за силната поддршка на дијалогот и со нетрпение го очекувам следниот состанок во Охрид подоцна месецов, напиша Лајчак, без да прецизира дали станува збор за 18-ти март.
Косовскиот премиер Курти во меѓувреме го обвини Вучиќ дека веќе го прекришил членот 4 од европскиот предлог, со изјавата дека нема да прифати влез на Косово во Обединетите Нации. Европратеникот од Хрватска, Тонино Пицула, за „N1“ оцени дека на повидок е решение на најголемиот политичи балкански спор, кој треба да доведе кон меѓусебно признавање.
-Ќе му биде тешко (на Вучиќ) преку ноќ да ѝ го „продаде“ овој договор на домашната јавност. Сигурно ќе има оспорување и од политичка и правна страна, но ми се чини дека тоа е пат без враќање. Како и Вучиќ, така и Курти ќе треба да ја „прескокне“ сопствената политичка сенка, зашто тој политичката кариера ја градеше на остро противење на преговорите. , изјави за ТВ „N1“, Тонино Пицула, европратеник од Хрватска.
На последната средба во Брисел и Вучиќ и Курти, како што соопшти Европската Унија, начелно го прифатиле предлогот од 11 точки и во моментов фокусот е ставен на начините на негово имплементирање.