Наместо за работа, ДУИ канцелариите ги користат за играње фудбал и кошарка. Денес е голем ден, пишува на Фејсбук, првиот вицепремиер Артан Груби.
Груби попладнево објави статус на Фејсбук, покажувајќи како со своите петмина колеги – министри од ДУИ играат со топка во неговиот владин кабинет. Кабинетот е опремен со сите реквизити за релаксација.
„Дрим тим. По еден процес и долг и предизвикувачки ден, антистрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден“, напиша Груби.
Освен Груби, учестуваа и Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.