Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека во Белград ќе има важни средби во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
На средбите учествуваат Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, а наместо Зоран Заев, ќе учествува вицепремиерот Никола Димитров.
Вучиќ рече дека за оваа иницијатива деновиве ќе има многу домашни и странски бизнисмени во разговорите денеска и в четврток.
Јасно е дека по оставката на премиерот Зоран Заев, нема промена кога е во прашање планираната средба во Белград. Македонија ќе ја претставува вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што ќе се одржи денеска и утре во Белград.
Во Скопје беше најавено дека поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ ќе продолжи и со денешната работна средба во Белград. За време на самитот ќе се одржи трибина на тема „Дигиталната трансформација како основа за регионално информирање“, на која ќе бидат донесени заклучоци. Предвидени се и средби на претставници на Србија, Македонија и Албанија, на кои ќе се разговара за трговските олеснувања.
„Отворен Балкан“ е иницијатива за регионална соработка во која учествуваат Србија, Албанија и Македонија. Заев требаше да присуствува на средбата, но по лошиот резултат на неговата партија на локалните избори, тој поднесе оставка од премиерската функција и нема да дојде во Белград.