Четворица членови на екстремно десничарската група Proud Boys кои учествуваа во нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, во четвртокот се прогласени за виновни за „бунт“, пишуваат американските медиуми, што е многу ретко обвинение.

Нивниот лидер Енрике Тарио е меѓу четворицата осуденици.

Пред судот во Вашингтон, на пет членови на групата им се судеше затоа што заедно со голем број поддржувачи на републиканскиот претседател Доналд Трамп направија хаос во зградата на Конгресот каде претставниците требаше да ја објават изборната победа на неговиот демократски противник Џо Бајден. , потсетува АФП.

Поротата не можеше да се договори за обвинението за „бунт“ за петтообвинетиот, но сите петмина беа прогласени за виновни за попречување на работата на Конгресот, пренесува Хина.

Осудени поддржувачи на Трамп

По нападот на 6 јануари 2021 година, повеќе од 950 приврзаници на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп беа уапсени и обвинети за поттикнување немири во седиштето на американската демократија.

По две други судења кои завршија во ноември и јануари, шест членови на друга екстремно десничарска милиција, Oath Keepers, веќе беа осудени за бунт, обвинение кое предвидува можна затворска казна од 20 години и вклучува планирање употреба на сила против владата .

Тешко се докажува и многу ретко се користи, а претходната казна за бунт, пред оние во ноември и јануари, беше изречена пред речиси четврт век.