Нападот, кој властите го опишаа како обид за убиство, се случи во неделата вечерта. Шестмина од телохранителите на премиерот се повредени. Беа употребени три дронови наполнети со експлозив. Според ирачките безбедносни сили, беспилотните летала биле лансирани од мостот Република над реката Тигар, недалеку од резиденцијата. Два од леталата беа соборени од обезбедувањето, но третиот удри во зградата.

На објавените фотографии се гледа оштетување на резиденцијата, како и на џип паркиран во нејзината гаража. Може да се видат и остатоци од мало беспилотно летало, кои потоа беа собрани од безбедносните сили за анализа.

До доцна вчера никој не ја презеде одговорноста за нападот. „Рано е да се каже кој го извршил нападот. Ги проверуваме нашите разузнавачки извештаи и ги чекаме првичните резултати од истрагата пред да го впериме прстот кон сторителот“, изјавил за Ројтерс анонимен безбедносен извор.

Нападот го осудија САД и Иран.

Ал Кадими вчера наутро свика состанок на високи воени лица. Прикажа видео снимка на која се гледа премиерот неповреден.