-Народниот правобранител смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава – системот. Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски, се посочува во соопштението од Народниот правобранител.

Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства, се додава во соопштението.