-Се надевам дека многу брзо ќе успеам да убедам истатат работа да ја направиме и на северномакедонско-српската граница, како и меѓу Унгарија и Австрија. Секој мигрант што ќе го спречиме да влезе во Србија е мигрант помалку во Виена, но исто така и мигрант помалку во Белград, изјави Вулин на ТВ Хепи.

Како што оцени, неопходна е заедничка, координирана акција, бидејќи, според него „мигрантите нема да ја преминат таа област кога ќе слушнат дека границата е цврста“.

-Ние ги третиравме овие луѓе и ги третираме како човечки суштества, но тие мора да ги почитуваат нашите закони. Ги имате сите права, имате кампови, ќе бидете медицински заштитени и хранети, ќе бидете згрижени и вашето достоинство, особено кога станува збор за семејствата. Но, ако го прекршите законот, ќе бидете казнети,истакна Вулин.

Протоколот за воспоставување мешани патроли долж заедничката граница на Србија и Унгарија беше потпишан во вторникот во Будимпешта од министрите за внатрешни работи на двете земји, Александар Вулин и Сандор Пинтер.