Нечовечки и понижувачки третман , лоши хигиенски услови, недостаток на кадар, детектира Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2022 година.

Во дел од работните простории во болницата „Демир Хисар“ се пронајдени и кожени ремени за врзување на пациентите, метален синџир со катанче за заклучување на простории и цврст дебел кабел долг 1 метар, за кои вработените немале објаснување која им е намената, откри Народниот правобранител Насер Зибери. Како огромен проблем пак, во Психијатриската болница – „Скопје“ извештајот ги лоцира конфликтите меѓу пациентите , проблеми со примањето на терапија и чести бегства на пациентите поради лошите услови.

Под лупа на Народниот правобранител бил и најголемиот затвор во државава „Идризово“ . И таму се констатирани нечовечки услови. Имало случаи каде по двајца затрвореници спиеле на ист кревет, а 36 на земја и користеле заеднички тоалет. Сите крила од затворот се пренатрупани. И оваа установа се соочува со недостаток на кадар, особено медицински персонал. Пристутна е и корупција, за која лицата лишени од слобода не сакаат да зборуваат јавно.

Дополнително загрижувачки според народниот правобранител е што во воспитно поправниот дом Тетово, сеуште не е спроведена неговата препорака малолетниците да добијат право да следат настава како што тоа го налага Уставот.

Зибери изрази незадоволство од властите за кои вели дека во континуитет ги кратат буџетите за превентивниот механизам и ја доведуваат во прашање неговата работа.