Под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“ Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повкува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

Собирот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а причините детално ќе ги образожат утре на посебна прес-конференција.

Во видео-обраќање поглаварот на МПЦ г.г. Стефан обвини дека се прави обид законитие да се донесат брзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, особено на жените и децата. Вели дека било укажано на низа спорни елементи од стручната фела и граѓаните во предложените закони, но оти тие не биле земени в предвид.

Со оглед дека МПЦ-ОА ретко се одлучува да коментира општествени и политички теми, а уште поретко да организира протести, во дел од јавцноста се отворија дилеми дали потегот на Синодот е мешање во секуланиот карактер на државата.. Но, новинарот Бранко Ѓоргевски, кој долги години ги следи односите на цркавата и државата, вели дека верските заедници имаат право да искажат свој став и не гледа ништо спорно во најавениот сенароден собир се додека тој се одвива мирно, без говор на омрза и без политички злоупотреби, иако укажува на ризикот од дополнително продлабочување на поделбите.

Од Министерството за труд и социјала за Канал 5 посочуваат дека Законот за родова еднаквост кој е во нивна надлежност е сеуште во работна верзија и дека по одржаните 18 јавни трибини во моментот се вградуваат предлози кои произлегле од нив, меѓу кои и забалешките дадени од претставници на дел од македонските епархии. Не сакаа да го коментираат собирот кој го најавува МПЦ-ОА, но потенцираа дека целта на Законот, кој во неколку наврати беше критикуван од црковни лица, е обезбедување еднакви позиции на мажите и жените во општеството. Предлог-законот за матична евиденција, пак, кој е во надлежност на Министерството за правда е повлечен од Собранието во март минатата година на доработка, и во моментот не е во процедура.