Новата мерка ја оптоварува стандардот на граѓаните

СДСМ денеска реагираше на одлуката на власта од 1 ноември, според која граѓаните ќе мора да плаќаат ДДВ и за најмалите пратки од странство, дури и за порачки под 22 евра.

„Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?“, прашуваат од СДСМ.

„Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително“, велат од партијата.

Профитот на моќниците над стандардот на народот

Од СДСМ потенцираат дека:

„Уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот“.

Тие додаваат:

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај.“

СДСМ ја обвинува власта дека со оваа мерка дополнително го удира граѓанинот по џебот во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад.

„Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто?“, прашуваат од партијата.