Граѓаните кои денеска протестираат пред Собранието се сотавени сами на себе да се справуваат со провокаторите, кои се обидуваат повторно да предизвикаат тензии и немири на протестите. Неколку лица кои фрлаа димни бомби и петарди беа опколени од толпата, за да престанат со насилствата.
Полиција има слабо пред Собранието, а и тие неколкумина не реагираа против поединците кои нагрнаа кон Парламентот.