Народот треба да ги знае своите херои. Со оваа цел, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски сподели список со имиња на сите пратеници од редовите на СДСМ и ДУИ кои денеска гласаа против продолжување на важноста на пасошите.

Листата со имињата на 54 пратеници кои гласаа против измените на Законот за патни исправи за македонските граѓани е споделена со цел точно да се знаат одговорните за државниот притвор на 600 илјади македонски граѓани кои по никоја цена не можат да ја напуштат територијата на Македонија.

 

Овие пратеници гласаа против една разумна измена на закон со која се предвидува граѓаните да може да ги користат своите патни исправи до важечкиот датум.

 

Извор: Република