Вчера во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во село Сарај, З.Ш.(48) од село Глумово, скопско, кој бил со уште три лица, испукал од пиштол кон неговиот шура Л.З.(47) од село Ласкарци, скопско, со кого имале нарушени семејни односи и кон Н.С.(35) од село Глумово, но не ги погодил, по што со трите лица физички го нападнале Н.С.(30) од село Глумово.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.