ФФМ најави дисциплинска постапка по инцидентот на младински натпревар помеѓу Брегалница и Шкупи
ФФМ најави дисциплинска постапка по инцидентот на младински натпревар помеѓу Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
Ваквото однесување, како што е соопштено, е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери.
Изразувајќи особена загриженост поради тоа што „едно од децата претрпе сериозни повреди и скршеници, како последица од нападот“, ФФМ најави дека надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.
„Поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран. Со насилство, од било кого и на кое било ниво, нема да има компромис“, наведе ФФМ.
Инцидентот денеска најостри го осуди и Фудбалскиот клуб Брегалница, апелирајќи до надлежните институции ригорозни казни за виновниците.