Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат големи потешкотии да ја реализираат наставата во затворен простор и притоа да има почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести.

Пленумот бара од МОН и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава.

Итно да се реши проблемот со обезбедување на училиштата и општините кои се надлежни и задолжени за овој проблем тоа итно да го решат. Да се ослободат наставниците од секојдневните дежурства предвидени за период на учење со физичко присуство за време на пандемија – наведуваат од Наставничкиот пленум во барањата пратени до МОН и министерката Мила Царовска.