Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, од Царовска бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година.

-На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Двата синдиката – СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), Наставничкиот пленум ги известува дека загрижени поради лошата финансиска положба на вработените во основното и средното образование, планираат бојкот на наставата на почетокот на учебната 2021/2022, доколку МОН и Владата на изнајдат решение и ги зголемат платите.

-Бараме од синдикатите да го подржат бојкотот на наставата кој го планираме од септември 2021. Сметаме дека синдикатите имаат најголема одговорност да ги штитат и унапредуваат правата на вработените и по тој повод очекуваме да нè поддржите во нашите барања и заложби, наведува Наставничкиот пленум.