Мицкоски рече дека до почетокот на декември сите наставници ќе можат да го добијат годишниот регрес.
„Со ребалансот на буџетот обезбедени се околу една милијарда денари за исплата на К-15, што е законска обврска за сите работодавачи и оваа законска обврска како најголем работодавач, државата има за цел да ја исполни кон крајот на ноември, почетокот на декември.
Така ќе овозможиме повеќе наши граѓани, кои во меѓувреме се вработиле, да имаат можност да земат К-15. Тоа значи, една милијарда динари предвидени во буџетскиот биланс, околу 84 илјади вработени ќе можат да добијат К-15“, изјави премиерот.