Ја следиме бугарската истрага против наводната руска шпионска мрежа. Тоа денеска го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција.

– НАТО постојано работи на заштита на доверливите податоци, додаде тој.

Столтенберг изрази поддршка за напорите на Софија против незаконските руски акции на бугарско тло.

-Ќе разговараме утре за односите со Русија, која во последните години презема агресивни активности против одделни земји и се обидува да се меша во демократските процеси во нашите земји, обидувајќи се да ја наруши довербата во демократските институции и изборите, додаде тој по повод претстојна дводневна средба на министрите за надворешни работи на НАТО.

Според него, односите НАТО-Русија се тешки веќе некое време и тоа се должи на однесувањето на Москва.

– Рускиот претседател Владимир Путин е ја има крајната одговорност за постапките на руската држава, вклучително и обиди за убиство на противници. Ние сме многу загрижени за извештаите за ветувања од Москва за обезбедување награди за убиството на сојузнички војници во Авганистан. Ќе останеме цврсти, но исто така ќе настојуваме да одржиме дијалог со руските власти. Дури и ако односите не се подобрат, контролата на оружјето мора да се одржи, објасни Столтенберг.