Со планот „Список со приоритетни барања“, НАТО почна испораки на оружје за Украина, првата е вредна 500 милиони евра
НАТО почна со координирање на редовните и големи испораки на оружје за Украина. Во рамки на новиот финансиски план наречен „Список со приоритетните барања на Украина“.
Првата испорака е од Холандија и е во вредност од 500 милиони евра, односно 578 милиони долари, објави агенцијата Асошиетед Прес.
Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс објасни дека земјата ќе испрати муниција, опрема за системи за противвоздушна одбрана и друга воена помош.
Најголемиот дел од оваа опрема е набавена директно од Соединетите Американски Држави.
Две пратки се најавени до крајот на месецов.
Опремата е подготвена според итните приоритети на украинската армија на бојното поле, пренесува агенцијата.
„Пакетите со воена опрема ќе бидат брзо подготвени и ќе бидат испраќани редовно“, соопшти НАТО во синоќешната изјава.
Агенцијата посочува дека системите за противвоздушна одбрана се најнеопходни за Украина во овој момент.
>Досегашните податоци на Обединетите нации покажуваат дека од почетокот на руската инвазија, во февруари 2022 година, загинале над 12.000 украински цивили.
Повеќето од нив се жртви на руските бомбардирања врз задниот дел на земјата, наведуваат од ОН.