Привремена мерка поради состојбата на Блискиот Исток
Мисијата на НАТО во Ирак привремено го повлече најголемиот дел од својот персонал, поради влошената безбедносна ситуација во регионот. Одлуката доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и ризик од нови напади.
„Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток“, изјавил безбедносен претставник, пренесуваат француските медиуми.
Мал дел од персоналот останува
Според информации од втор извор, најголемиот дел од мисијата веќе е дислоциран.
„Целиот персонал на мисијата е повлечен“, изјавил претставникот, додавајќи дека останал само мал број лица.
Мисијата на НАТО, која брои стотици членови, е стационирана во ирачка воена база во центарот на Багдад, во близина на американската амбасада.
Овој објект во изминатиот период беше честа цел на напади од проирански групи, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на персоналот.
