Судијата Николас Винтер најпрво го прекина мечот меѓу домаќините МСВ Дуизбург и Оснабрук во 35. минута откако се слушнаа мајмунски извици од трибините, насочени кон гостинскиот напаѓач Арон Опокуа, пренесе „АП“.

„Тоа беше корнер за Оснабрук, а кога играчот сакаше да го изведе, од трибините се слушнаа мајмунски звуци. Тоа веднаш го забележа и тој, а и помошникот судија. И двајцата ми го опишаа тоа“, рече Винтер.

Винтер рече дека тоа е инцидент „на кој сме многу чувствителни и на кој директно реагираме“. „Можев да видам колку е шокирана Опокуа“, рече судијата.

Оснабрук не сакаше да продолжи и мечот беше трајно прекинат десет минути по инцидентот при резултат 0:0, потврди „Танјуг“.

„Оснабрук, и тоа е разбирливо, повеќе не можеше да игра. Дечкото е во „парчиња“ и сите, целиот тим, се шокирани. И останавме без зборови“, изјави за ТВ Магента, медиумскиот претставник на Дуизбург, Мартин Халтерман.

Генералниот директор на Оснабрик, Мајкл Велинг изјави дека нема шанси натпреварот да продолжи.

„Арон е многу, многу погоден и повеќе не можеше да игра. Тоа е една од причините зошто рековме дека повеќе нема да играме“, рече Велинг, нагласувајќи дека за расизмот „нема место во општеството, а со тоа и во фудбалот“.

Велинг, исто така, изјави дека и Лерој Квадво од Дуизбург претрпел расистичка злоупотреба, додека играчите биле собрани на страна по првичниот расистички инцидент.

Повеќето од присутните навивачи од двата тима се позиционираа против расизмот и меѓу другото извикуваа „Нацисти надвор“, додека на стадионот се слушаше антинацистичка песна на германскиот бенд Die Arzte.