Посебно имајќи во предвид дека произведувачите предвиделе да се применат мерки на претпазливост, односно, лицата кои имале историја на хиперсензитивност треба да се воздржат од вакцинација пред се со вакцините на Синофарм и Спутник В, истакнал за порталот „N1“ магистер по фармација Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови во Србија, одговарајќи на прашање дали вакцината против Ковид 19 е безбедна за лица алергични на пеницилин.

– Кога ќе се спомене алергиски односно реакција на хиперсензитивност на пеницилински антибиотици, мора најпрво да истакнеме дека ниту една од четирите вакцини кои добиле дозвола од Агенцијата не ги содржат во својот состав овие супстанци. Вакцината не може д предизвика такви симптоми кај личноста кои би ја примиле во смисла на директна реакција на активна супстанца, односно помошни супстанци на вакцината, нагласил соговорникот за порталот „N1“.

Зелиќ напоменал дека медицински третман и надзор треба секогаш да бидат спремни во случај на анафилактички појави после давање на вакцината, што е, како што рекол, процедура која се применува кај сите вакцини кои се вбризгуваат.

Сличен став неодамна изнел и епидемиологот Владан Шапоњиќ, кој навел дека лицата кои имаат сериозни алергиски реакции во историјата „не би требало да ја примат кинеската и руската вакцина, но можат да ја примат вакцината на „АстраЗенека“ и „Фајзер“.