Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 километри на час.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.

До недела ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.