Навивач се обиде да истрча на теренот за време на финалето на Австралија опен меѓу Данил Медведев и Рафаел Надал.

Навивач скокна на теренот од далечина од околу три метри, но редарот веднаш го запре и го однесе во просторија под трибините.

Новинарот Стивен Брук, кој присуствува во арената „Род Лејвер“, објави дека човекот кој влегол на теренот се обидел да развиори транспарент посветен на борбата против притворот на бегалците во Австралија.

По два сета Мадведев има водство од 2:0.