Раководството на Лигата и Националната асоцијација на кошаркари, работејќи заедно врз основа на препораките на експертите за јавно здравје и заразни болести на НБА, соопштија дека оние, кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон пред повеќе од два месеци треба да примат бустер доза.
Дополнителна препорака, исто така, е дадена и за оние, кои се вакцинирале со Фајзер и Модерна пред најмалку шест месеци.