Денес работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и денес сите лаги се распрснаа како меур од сапуница, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на ТВ Алфа.
Николоски истакна дека во собраниската комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против предлогот за уставни измени.
-Денес заврши пропагандата и денес се види кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против, јас сум еден од тие 7 кој што гласаше против. Така што јасна е волјата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме да не се чека до 18 август, туку ако може утре, задутре да се стави на гласање на пленарна седница со цел да пропадне оваа фарса која што ја прави власта и да се види дека власта нема 2/3 мнозинство и дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е спремен да подржи уставни измени под бугарски диктат, посочи тој.
Николоски побара веднаш да се стави на пленарна седница предлогот за уставни измени се со цел да се види дека власта нема 2/3 мнозинство, како и дека денеска уште еден пратеник од владејачкото мнозинство јасно кажал дека нема да поддржи уставни измени.
-Затоа барам од владејачкото мнозинство ако можат уште утре или задутре да ја свикаат пленарната седница, да не чекаат до 18 август за да видат сите кои се позициите на сите политички партии. И јасно е дека власта нема мнозинство. Денеска и уште еден пратеник од власта кажа дека нема да гласа за уставните измени и тој е 3 пратеник од власта кој што кажа дека нема да гласа за уставните измени. Така што јасна е ситуацијата, а јасна е и народната волја која што ВМРО-ДПМНЕ ја испочитува, нагласи Николоски.
Николоски изјави дека оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ покажале дека стојат на ставот и дека кога ќе кажат НЕ, тоа НЕ останува НЕ.
Ова генерација на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека држи до ставовите и дека кога ќе каже НЕ, тоа НЕ останува НЕ, дециден е Николоски.
-На прашањето што доколку власта развлекува и си игра со датумите за закажување на седница, Николоски додаде:
Тоа ќе го покажува само очајот кој што се наоѓа оваа владејачка структура на СДСМ и ДУИ. Но, ќе и потрошат време на Македонија. Ние предлагаме веднаш да се стави на гласање за да се види дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го поддржи овој предлог за уставни измени. Тие уставни измени ќе пропаднат и веднаш после тоа да се распуши собранието и да одиме на брз предвремени избори на кои што граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење, рече Николоски и порача дека октомври месец е идеален за одржување на избори и дека се откажуваат од техничка влада.