Нема директна воена закана за сојузниците на НАТО, но има зголемени тензии во регионот. Ова е проценката на првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, по завршувањето на неформалниот состанок на членките од регионот, што се оддржа во Скопје. Според Столтенберг, двете проблематични точки на Балканот се Босна и Херцеговина и тензиите меѓу Белград и Приштина. Порача дека е време да се надминат регионалните конфликти, кажа – наместо тензии, потребен е мир и дијалог.
– Авторитарни држави како Русија се обидуваат да ги поткопаат нашите демократии преку сајбер и хибридни напади. Тукушто ја завршив посетата на регионот и секаде кажав дека безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од сите страни, претпочитајќи дијалог и дипломатија наспроти конфликт и хаос, рече Јенс Столтенберг генерален секретар на НАТО.
Премиерот Ковачевски денеска повторно уверуваше дека состојбата во држава е стабилна, а институциите си ја вршат работата.
– Безбедносната ситуацијата е стабилна и не постојат индиции за нејзино нарушување, рече Димитар Ковачевски премиер на Македонија.
Во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да ја влошат безбедносната ситуација на некој членка од регионот е незамисливо за некоја друга држава која во детали не е вклучена во вакви прашања.
Столтенберг денеска им се заблагодари на членките за поддршката за Украина и порача дека оваа тема ќе биде централна на самитот кој следната година ќе се оддржи во Вашингтон.