Возачите кои патуваат во Грција треба да знаат дека таму не се казнува само пречекорувањето на дозволената брзина, туку и возењето со брзина помала од дозволената, а тоа е 30 километри на час.

Според грчките сообраќајни прописи, за ваков прекршок е предвидена парична казна од 30 евра, бидејќи се смета дека пребавното возење може да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

На автопатите и експресните патишта во Грција, покрај максималната, е пропишана и минимална дозволена брзина. Возачите не треба да се движат со брзина помала од 70 километри на час. Доколку возилото не може да ја одржува таа брзина, треба да користи друг пат каде што е дозволено побавно движење.

Минималната дозволена брзина е означена со кружен сообраќаен знак со сина подлога и бел број.

Сепак, законот предвидува и исклучоци. Казна нема да биде изречена ако возачот е принуден да вози побавно поради лоша состојба на патот, неповолни временски услови или густ сообраќај, кога намалувањето на брзината е оправдано и неизбежно.

Доколку ова лето патувате во Грција, добро е однапред да се информирате за локалните сообраќајни правила, бидејќи непознавањето на прописите не ве ослободува од казна.