Овој резултат е порака до СДСМ. Морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на локалните избори.
-Вечерва не славиме против никого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска и со одговорност простапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака и опвие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата туку да се носиме со одговорноста дадена од граѓаните и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме и таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште послно, да не се опуштиме ниту еден ден и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок, порача Мицкоски.
Порача дека е време за обединување и работа и се заблагодари за сите кои гласаа на овие избори.
-Оваа победа е и ваша, на сите кои гласаа различно. Ја почитуваме вашата одлука и ве покануваме да бидеме заедно во работатав што следи. Нашата визија не е партиска, таа е државна. Знам дека имаше луѓе кои овој пат не излегоа на гласање, знам дека некои не гласаа за нас. И тоа е во ред, тоа е дел од демократијата. Но сакам искрено да им порачам: И вашиот глас и вашата тишина ги слушнавме, рече Мицкоски.
На граѓаните им порача дека само обединети како народ можеме да ја направиме Македонија земја во која вреди да се живее.
