Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова порака за мировните преговори помеѓу Русија и Украина. Тој ја сподели на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social), оставајќи загатлив впечаток за текот на разговорите.

„Не верувајте дека е постигнат голем напредок помеѓу Русија и Украина – уште не“, предупреди Трамп.

Во продолжение, тој напиша:

„Дали навистина е можно да е постигнат голем напредок во мировните преговори помеѓу Русија и Украина? Не верувајте додека не видите, но можеби нешто добро се случува. Бог нека ја благослови Америка.“