Тренерот на Вардар, Владо Недановски и капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција ги искажаа своите очекувања за натпреварот со Некесе во четвртфиналето од СЕХА-лигата.

Вардарци на овој дуел влегуваат по одиграниот Струшки турнир на кој забележаа две победи и два пораза.

– Турнирот во Струга го искористивме како еден дел од подготовките за натпреварите кои ни следуваат. Првиот е со Нексе. Во Струга имавме и добри и лоши моменти, сите играчи добија шанса. Видовме кои играчи можат да понесат поголем товар, кои не можат. За тимот на Нексе можам да кажам дека е квалитетен. Не случајно пред неполни два месеца играше на „Фајнал фор“ во Лигата на Европа. Имаа скоро ист состав, добро воигран. Не менуваа многу во споредба минатите сезони. Ние скоро секоја година играме со нив по два натпревара. Така беше и лани кога не успеавме да ги победиме. Ние ја анализиравме нивната играта и се надевам на добар резултат, рече Недановски.

Стоилов ги повика навивачите на „црвено-црните“

– Форматот е таков, се игра еден натпревар,играме дома со против многу познат за нас. Не го менуваат ростерот често. Имам за нив многу респект. Сепак, мислам дека имаме сили да ги победиме. Се надевам дека ќе биде полна сала и со помошта од навивачите да ги победиме, истакна Стоилов.

Натпреварот Вардар – Нексе ќе се игра утревечер од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Победникот ќе се пласира на завршниот турнир во Задар.