Премиерот Зоран Заев на прес конференција информираше дека Владата го утврди текстот на измените и надополнувањата на Законите за работни односи и Законот за трговски друштва со кои недела се прогласува за ден за неделен одмор и овие законски измени ќе бидат ипратени на усвојување во Собранието.

– Тоа е ветување што владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучиелно инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на 1. октомври, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека неделата ќе биде ден за неделен одмор, а работниците кои сепак би морале да работат во недела ќе добијат повисока плата за тој ден или пак слободен друг ден.

– Вработените во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница, повисока за најмалку 50% од редовната и слободен ден во наредните седум дена, појасни министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.