Неделава пред нас, има два неработни дена за граѓаните на Македонија. Првиот, 8 април е неработен ден за Ромите во Македонија.
Ромската заедница ќе го прослави Меѓународниот ден на Ромите.
Од друга страна пак, согласно Законот за празниците, неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде среда, 10 април, кога припадниците на муслиманската заедница ќе го прославуваат Рамазан Бајрам.