Без официјален епилог по состанокот на врвот на американската администрација
Во Белата куќа се одржал состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговите највисоки советници, на кој се разговарало за новото затворање на Ормуската теснина од страна на Иран, јавува „Гардијан“.
Засега нема официјални информации за исходот од разговорите, ниту за можните следни чекори на Вашингтон.
На состанокот присуствувале потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.
„Не е познато каков е епилогот од состанокот, ниту кои се можните следни чекори на САД. Како што објавува „Гардијан“, Трамп ја напуштил Белата куќа по состанокот и отишол на терен за голф.“
Во периодот на зголемени тензии, Трамп имал телефонски разговори со командантот на пакистанската армија Асим Мунир, како и со ирански претставници.
Иран повторно ја затвора пловната рута
Иранските власти повторно го затвориле Ормускиот теснец, по краток период на отворање. Како што наведуваат ирански извори, одлуката следува откако, според нив:
„Соединетите Американски Држави не ги исполнија своите обврски според договорот за двонеделен прекин на огнот“.
Иранскиот корпус на револуционерната гарда соопштил дека теснецот останува затворен и издал строги предупредувања за движењето на бродовите во Персискиот Залив и Оманското Море, при што приближување кон зоната се третира како непријателско дејствување.
