Во овој момент Градот Скопје се уште останува нем на барањата на сите навивачи на фудбалскиот клуб „Вардар“ за преземање и спасување на клубот.
-Зад мене се наоѓа известувањето кое што го доставил сегашниот сопственик до сите советници на Градот Скопје, но и градоначалникот Петре Шилегов, известување во кое бара клубот повторно да биде преземен од Градот Скопје или скопската администрација, но воедно и известување со кое што се обврзува дека сите досегашни долгови во кои што се наоѓа клубот и кои што ги има тој во рок од една година ќе ги преземе и ќе ги исплати. Градот Скопје ќе има чист клуб со кој што ќе може да раководи и за кој што ќе треба да обезбеди финансиски средства за функционирање, вели Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Фудбалерите на ФК „Вардар“ за неполн месец треба да ги започнат подготовките, а се уште ништо во клубот не е решено.
–Како поранешен член на клубот го замолувам Петре Шилегов конечно да ги тргне суетата и егото на страна, и прашањето за ФК „Вардар“ да не биде предмет на политичка дебата за време на кампањата која што и претстои на локалните избори. Туку заедно и ВМРО и СДСМ и сите останати советници и политички партии го одлучат ова прашање пред локалните избори. Односно да го решат одма и веднаш. И „Вардар“ да ги започне подготовките со финансиски средства кои што ќе бидат обезбедени. За тоа потребно е Петре Шилегов да го повика Советот да донесат одлука за враќање на клубот повторно во Градот Скопје и нормално да се потпише договор со сегашниот сопственик тој да си го сервисира долгот кој што го направил.
Решение има, она кое што им е потребно на скопјани и на сите љубители на ФК „Вардар“ е желба од страна на институциите.