Излегувањето на ФК Вардар во втора лига за него рече, како поранешен фудбалер во клубот на еден начин е трагично. Тој смета дека ситуацијата со Вардар не е трагична само за поранешните и сегашните фудбалери, туку е трагична и за градот Скопје и за цела Македонија, бидејќи Вардар е симбол на балканот па и во Европа, поврзан со Македонија.

– Тоа што се дозволи Вардар да дојде до ова дереџе е показател за немарноста и немањето желба на административците на градот Скопје, но и луѓето на власт да најдат решение, посочи Нелоски.

Тој додаде дека се обидува да најде решение, но наидува на критики бидејќи не во Скопје има и други клубови, а не е само Вардар.