Предвремени парламентарни избори нема да има
Предвремени парламентарни избори нема да има сè додека граѓаните не побараат такво нешто, изјави премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Тој нагласи дека ниту едно релевантно мерење на јавното мислење не покажува предност за распишување предвремени избори.
„Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека техничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабилна влада, дајте испорачувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи“, изјави Мицкоски.
