Првиот вицепремиер Артан Груби во Клик плус на ТВ21 рече дека до него не стигнала информација дека се планира реконструкција на владата.
До овој момент не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во вкадата туку и на директорските места“, изјави Груби.
Оставката на Горан Милевски од позицијата министер за локална самоуправа може да повлече уште најмалку три измени во министерскиот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски, пишуваа денеска медиумите.