Ладен туш од Мицкоски до Меџити. Нема да има вработувања по етнички и по партиски клуч додека сум на чело на Владата, уверува премиерот Мицкоски по обвинувањата за масовна партизација на јавниот сектор што стигнаа по изјава на вицепремиерот Меџити дека за една година околу три илјади Албанци ќе добијат работно место во администрацијата.

Детално може да прочитате во продолжение:

Мицкоски му одговори на Меџити: Најавените вработувања на Албанци нема да се случат додека сум јас премиер!

И покрај ладниот туш од Мицкоски пак стигнуваат обвинувања од СДСМ. Тие обвинуваат за политички договор во владината коалиција за робустно полнење на јавната администрација со партиски послушници. Бараат одговорност, Антикорупциска да отвори истрага.

Владиниот партнер од ЗНАМ министерот за администрација Минчев претходно веќе реагираше дека Меџити се однесува како „Алиса во земјата на чудата“. Во одговор на Минчев, Меџити само потсети дека правичната етничка застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија. Потести дека уставната категорија мора да се почитува. Тој нагласи дека Владата веќе презела мерки за трансформација на работниот однос на околу 1.500 лица во здравството. Напомена дека дури 750 од нив се Албанци.