Еден ден пред завршување на пописот, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Алсат вечерва соопшти дека нема да се бара дополнителен рок за завршување на оваа операција. Тој уверува дека Заводот е добро организиран и оти утре сè ќе заврши според планираното.

За продолжување на пописот партиите имаат различни ставови. Од СДСМ велат дека немаат конкретен став додека евентуално не дојде таква иницијатива од Заводот за статистика, од ДУИ рекоа дека ќе ја поддржат секоја иницијатива на надлежните институции, додека од Алијанса за Албанците побараа пописот итно да биде продолжен преку законски измени во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува на евентуална таква седница

Во меѓувреме, попишувачите се на терен, а граѓаните ги користат последните моменти за да се запишат.

До вчера беа регистрирани вкупно 1.760.194 граѓани, 546.080 домаќинства и 789.406 станови. Од дијаспората беа регистрирани над 201.000 иселеници.