Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје вчера лишија од слобода триесетгодишна скопјанка во Казнено-поправната установа Затвор-Идризово. Случајот бил пријавен откако биле забележани сомнителни дејствија при посетата.

На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е .З .(30) од Скопје по претходна пријава дека при посета на осуденикот Џ.З.(34) во видувалната од установата при личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана.

Надлежните служби соопштуваат дека по целосно документирање на настанот ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.