Специјалното државно обвинителство на Црна Гора ја прекина кривичната постапка против наводниот водач на Шкаљарскиот, Јован Вукотиќ, за планирање на ликвидација на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.
Во образложението на решението се наведува дека кривичната постапка – истрага против Јован Вукотиќ за кривично дело тешко убиство во обид извршено со помагање се прекинува бидејќи нема докази, односно основано сомнение.
Адвокатот на Вукотиќ претходно изјави дека обвинителството го прогонува неговиот клиент.
Вукотиќ беше уапсен во Турција со важечки македонски пасош.