Ваквите позиции стануваат уште поверојатни откако вчера Владата даде негативно мислење за предлогот на помалите партии за една изборна единица.
Сепак, предлагачите на овие измени велат дека им било посочено дека не се работи за целосно отфрлање на предлогот, туку дека промената на изборниот модел треба да биде направена со консензус. Токму затоа и тие стануваат дел од меѓупартиската работна група за изборни измени што ја води министерството за правда.
Маја Морачaнин од ДОМ, која е еден од предлагачите на ваквото решение се уште се надева дека големите партии ќе се предомислат.
Политичките аналитичари пак, сметаат дека тешко се доаѓа до консензус. Со една изборна едница иако ќе добијат помалите партии постои опасност во парламентот да седнат само пратеници од големите градови, вели аналитичарот Сефер Селими.
Концептот на отворени листи пак, вели тој, иако има слабости е добар стар да почне демократизацијата на партиите, но токму тоа е и причината да не биде прифатен од главните актери.