Од економски и практичен аспект за Македонија е подобро да има споен изборен циклусот, а и нема логика да се трошат дупло средства, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“
На новинарско прашање за неговиот став за претседателските и парламентарните избори, зошто треба да се случат во еден термин споено, Николоски го објаснува неговиот став.
Каква е политичката математика, зошто повеќе ви одговараат вам на еден датум а на власта на два одвоени?
Тука мислам дека не се работи за политичка математика, се работи за реалност. Ако одиме што нас би ни одговарало политички, нас ни одговараат раздвоени избори, од проста причина што ќе победиме убедливо на претседателските избори и после тоа СДСМ ќе се доведе до ситуација да не може по 20 луѓе да најдат за да ги стават пратенички листи, затоа што извесно е каков драматичен пораз ќе им се случи на парламентарни избори. Така што ако гледаме од тесно партиски интерес, нас повеќе ни одговара изборите да се раздвоени. Но, мораме да го гледаме и другиот, а тоа е државниот интерес, затоа што ние пред се се занимаваме со јавна работа.
До денес, на нашиот аргумент дека само за месец и пол до два, толку е разликата помеѓу претседателските и парламентарните избори, нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори и целата држава да е замрзната седум месеци заради другите одредби од Изборниот законик во којшто многу активности на државата запираат во време на избори, ние не добивме кредибилен контра аргумент од другата страна зошто е подобро од економски аспект пред се и од практичен аспект за Македонија да има два изборни циклуси, а не да има еден споен изборен циклус. Всушност во минатото, секогаш кога изборите, од еден или друг тип, некогаш биле локални со претседателски, некогаш биле претседателски со парламентарни и биле вака блиску, се спојувале затоа што рациото тоа го кажува, вели Николоски.
Тој потенцира дека влсата нема разумни аргументи за одделни избори.
До денес не добивме ниту еден кредибилен одговор на нашите прашања зошто за Македонија е подобро да потроши дупло пари и да е шест до седум месеци замрзната со своите активности за да спроведе два изборни циклуси.