Во рамки на засилените акциски контроли на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера санкционираше 422 возачи.
Од нив, 21 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што информираат од МВР, 211 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.