Министерот Бесими вели дека во буџетот за наредната година не е предвидена ваква ставка, но и покрај тоа Владата и ССМ се во преговори за исплата на регрес на сите вработени во јавниот сектор. Според договореното по протестот во неделата, до 20 јануари ќе бидат познати деталите.
Буџетот има пари за помош при плаќањето на сметките за струја за социјално ранливите категории граѓани. 35.000 семејства и 9000 пензионери за оваа намена ќе добиваат по 1000 денари месечно. Преку поддршка на енергетските компании ќе бидат обезбедени и дополнителни количини струја за стопанството за да се ублажи ефектот од високите цени на берза. Како дополнителна поддршка за зголемување на ликвидноста на фирмите, државата ги намалува и увозните давачки за над 250 тарифи. Се работи за суровни кои се користат во фабриките во зоните, во металопреработувачката индустрија, во текстилкиот сектор.
За олеснување на работата на компаниите Владата го подигна и прагот за регистрација за ДДВ обврзник од 2 на 3 милиони денари годишен промет.