„НЕМААТ КАДАР НИ ЗА ПОРАЗ“: ВМРО-ДПМНЕ реагира на кандидатите од СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше по информациите дека поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е најсериозниот кандидат на СДСМ за градоначалничката трка во Скопје.
- „Се потврди фактот дека СДСМ и Венко Филипче немаат кандидат за Скопје. Претходно, нивните понуди ги одбија и Љубомир Ралев и уште еден познат скопски адвокат. Никој не сака да им се нафати да изгуби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ пропаѓа се подлабоко, а за кандидатури се нудат само претседатели на општински организации или поранешни кадри од времето на Зоран Заев.
- „Со ова дефинитивно се потврдува дека СДСМ нема кадри. Нивниот кандидат во Скопје ќе биде кадар од времето на Заев – Каја Шукова, која како министерка не мрдна со прст за подобрување на аерозагадувањето“, се наведува во реакцијата.
Орце Ѓорѓиевски – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Шукова ништо не направи додека беше на функција
Според ВМРО-ДПМНЕ, Шукова ќе се обидува да им ветува на скопјани чист воздух и околина, но јавноста веќе знае дека, како што велат, „не направила ништо додека беше на функција“.
„И Шукова, и останатите кандидати на СДСМ се прочитана приказна. Граѓаните на Скопје не ги забораваат нивните неуспеси“, порачуваат од партијата.
Извор: ВМРО-ДПМНЕ