Четириесет и шестгодишниот бразилски фудбалски ас, Роналдињо, денеска направи неочекуван кам-бек на зелените терени. Тој настапи за италијанскиот третолигаш Равена на првенствениот дуел против Форли, кој неговиот тим успешно го доби со резултат од 2:0. Роналдињо се најде во почетниот состав и одигра едно полувреме, по што беше испратен со громогласни овации од присутната публика на стадионот.
„45 минути поминаа пребрзо. Фудбалот отсекогаш бил најубавата работа во мојот живот. Дали ова беше мојот последен натпревар? Не знам. Ако претседателот повторно ме повика, ќе се вратам“, изјави Роналдињо.
Некогашниот освојувач на престижната „Златна топка“ во 2005 година официјално стави крај на фудбалската кариера во 2018 година. Својот последен официјален професионален натпревар пред денешното враќање на теренот легендарниот Бразилец го одигра уште во 2015 година во дресот на Флуминенсе.
