Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска за бугарската телевизија Нова изјави дека нема законска пречка за вклучување на Бугарите во Уставот бидејќи не постои закон со кој би се забранило правото на граѓаните кои се чувствуваат како Бугари да се изјаснат, а истото би се дозволило на Албанците, Турците и Србите и други граѓани.
Претседателката на Уставниот суд рече дека таа зборува како граѓанин и судија и дека со македонските политичари треба да се разговара зошто Бугарите ги нема во Уставот.
Македонија е мултиетничка нација, а Уставот на немнозинското население им ги дава истите права како и на Македонците.
Во интервју за бугарската телевизија, Кацарска рече дека не би имала ништо против македонските граѓани кои се чувствуваат како Бугари да бидат запишани во Уставот ако се земе во предвид дека земјата ја потпишала Рамковната конвенција за националните малцинства на Советот на Европа.
Во Македонија има високи европски стандарди токму во однос на немнозинските заедници, тоа всушност го кажуваат сите извештаи на релевантните институции, погледнете ги извештаите од мониторингот, годишните извештаи за напредокот на Република Македонија и извештаите на многу невладини организации кои работат токму за човековите права
Кацарска вели дека како претседател на Уставниот суд не се консултира со македонските политичари за законитоста да се вклучат Бугарите во Уставот, но тие ја прашуваат за мислење.
Ќе ви одговорам како правник, а потоа како судија на Уставен суд и затоа велам нема законска пречка. Сепак, македонските политички лидери треба да се прашаат зошто не се вклучени Бугарите. Како граѓанин и судија, можа да дебатирам за законите, но се друго е за политичарите“.