Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 избирачки места. Според податоците на ДИК, до 11 часот излезноста била 5,91 процент.

– Постепено се надминуваат техничките проблеми кои беа со уредите за биометриска идентификација. Екипите за техничка поддршка постојано се на терен, изјави претседателката на ОИК, Димковиќ.

Гласањето се спроведува тековно во општина Липково. Ситните технички проблеми на почетокот од гласањето со апаратите за отпечаток на прст, веќе се надминуваат, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 11 часот е 5,41 проент.

Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 избирачки места.